Охридското Супер радио, најслушанa локална радио станица во РМ
Охридското Супер радио, кое минатата година прослави 20 години успешна работа и официјално е најслушаната локална станица во Република Македонија.
Охридското Супер радио, кое минатата година прослави 20 години успешна работа и официјално е најслушаната локална станица во Република Македонија.
Според анализите од 15-ти април објавени на официјалната страна на Советот за радиодифузија на Република Македонија, Супер радио со уддел од 14,7 % е водечката локална радио станица во државата.
– Јас можам само да искажам огромна благодарност до целиот тим на Супер радио, до сите кои со еден мал дел во моментов, но и годиниве наназад ставија по една коцка во мозаикот наречен Супер радио. Искрена благодарност до сите нив, но секако и до сите наши деловни партнери кои очигледно не направија грешка што силно веруваа во нас годиниве наназад. Одиме понатаму уште посигурно и поквалитетно. Деновиве направивме неколку технички измени и сега се слушаме уште подобро и поквалитетно на регионот кој го покриваме, изјави директорот и главен и одговорен уредник на Супер радио Сашо Митаноски, кој за ова лето најави нова, опуштена шема во која ќе доминира забавата, но и секако она по што Супер радио, покрај во музичкиот и забавниот дел особено се истакнува последниве неколку години – информативниот дел и локалните вести.
Супер радио од Охрид ја троши 21-та година од своето постоење и со програма го покрива западниот дел од Република Македонија, односно Охрид и Струга.
{loadposition content9}