Skip to main content

Охридското езеро интересно за наутичарите

Охридското езеро интересно за наутичарите.

 |  Валентина Неловска  | 
пловење
пловење

Охридското езеро е во врвот на дестинациите за развој на наутичкиот туризам.  Нашата акавторија е огромна кога станува збор за езерата , вели капетаноит  Горан Устијаноски  кој ги претстави сите предности на нашето езеро на Саемот за наутика во Белград. Потенцијалите се огромни кога станува збор за пловењето, едрењето и едриличарските спортови, напоменува Устијаноски. Додав дека езерото со своите карактеристики предизвикало голем интерес кај наутичарите во Белград.

регатаАпсолутно ако  гледате и направите споредба со другите езера во светот Охридското езеро со сигурност ќе се најде во топ 5 дестинации кои на наутичарите би им биле интересни за пловење посебно кога станува збор за затворени води – езерата“, подвлекува Устијаноски.

За развој на наутичкиот туризам се потребни неколку фактори, а кај  нас  природата била дарежлива.  Тоа се благо пријатната клима со не многу жешки лета и екстермно студени зими, а и ветровите се поволни. На она што треба дополнително  да обрнеме внимание е само  развивање на инфраструктурата за пловните објекти да бидат добро згрижени, напоменува Устијаноски.

едрилица„ Тоа значи изградба на современа марина или приспособување на каналот Студенчишта. Секој еден  чекор кој ќе се направи во насока на подобрување на инфарструктурата или кога би се градела нова“, посочува Капетанот Устијаноски.  

За подобрување на безбедноста на пловните објекти и на капачите, од Капетанија, се во фаза на реализација на три проекти. Овој месец ќе објават оглас за набавка за  поставување на одредена сигнализација која ќе ја определува минимална оддалеченост на пловилата од брегот. Поставување на пловидбени знаци и сигнални направи на пристаништето,  каналот и на сите платформи. Како и набавка на два радари за набљудување на акваторијата на езерото, напоменува капетанот Устијаноски. 

{loadposition content9}