Охридското езеро на милост и немилост на рибокрадците
Дали на езерото му е потребен концесионер или серизна рибочуварска служба. Мислењата на стручните лица се поделени. Но едно е сигурно, државата треба многу повеќе да вложи во физичка заштита на рибниот фонд.
Четири месеци Охрдското езеро е без концесионер. Откако во август годинава министерството за земјоделие поради неплатени обврски, му ја одзеде лиценцата на концесионерот „Пастрмка 2012“ езерото е без заштита.
Нема рибочуварска служба, која треба да се грижи за незаконитото изловување на ендемските видови риби, а миниситерството засега нема распишано ниту конкурс за нов концесионер.
„Прашањето дали треба да има концесионер или не е да речам меч со две оштрици. Доколлку нема концесиоенер кој би се грижел пред се за заштитата а не за ловот тогаш ни треба концесионер за правилна заштита, но доколку имаме концесионер што води сметка само за приходот а не води доволно сметка на рибната популација тогаш сите напори паѓаат во вода“, вели Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт.
На Охридското езеро му е потребна сериозна рибочуварска служба, која ќе го покрива езерото од Љубаништа па се до Радожда. Само на тој начин ќе може да се спречи уништувањето на рибната популација.
„Мислам дека државата треба многу повеќе да вложи во физичка заштита на рибниот фонд отколку во давање под концесија поради тоа што парите кои државата ги добива од издавање под концесија се многу помали отколку од она што го дава за одржување на пастрмката во Охридското езеро.0343 Полицијата , министерството за земјоделие, нивните служби и инспекторати мора да бидат поактивни и да се направи да се најде начин да бидат подобри во обезбедувањето на рибниот фонд во договор со Р Албанија“, вели Трајче Талески активист.
Од 2004 до 2012 година Охридското езеро беше без концеионер, тогаш вештачкиот мрест го правеше Хидробиолошкиот институт, а заштитата ја вршеа рибочуварски служби формирани од страна на министерството за земјоделие, но тие не беа доволни да го спречат рибокрадството. Токму поради неводењето грижа денес охридската пастрмка е на работ на исчезнување.