Охридското езеро најголемиот воден басен не знаеме да го чуваме
Охридското езеро најголемиот воден басен не знаеме да го чуваме
Македонците имаат ниска свест за третманот на отпадните води. Кај нас повторното искористување на отпадните води е научна фанстастика, напоменува Сашо Точков, специјалист за санитарна хемија и бромолог при охридскиот Центар за јавно здравје. 1,8 милјарди луѓе во светот користат загадена вода за пиење, а 663 милиони луѓе немаат пристап до чиста вода за пиење, посочува Точков. Нашиот безгрижен однос кон отпадните води можеби се должи на тоа што земјава поседува богати ресурси со вода за пиење што не е случај со милјарда луѓе на планетата Земја. Охридското езеро е огромен воден базен кој го поседуваме, но и во 21 век го загадуваме ова природно и ретко езеро, напоменува Точков. Пречистителните станици не работат ефикасно, а за колекторскиот систем е потребна системска грижа на државата за да се заштити езерото.
„ Пречистителните станици да работат со полн капацитет и ефикасно, за жал со години ги немаме и водата од колекторскиот систем несоодветно се прочистуваат и се враќаат непрочистени во Дрим“, кажува Точков.
Дејан Паноски, координатор на проект за заштита на Дримскиот басен, подвлекува дека за Охридското езеро треба да се зборува во текот на 365 денови во годината , а не еден ден и ја нагласува потребата од подбра заштита на езерото.
„Охридското езеро го има квалитетот , но пречистителните станици и ситемот за одведување на отпадни води не се во добра ситуација. Тоа е утврдено со физибилити студија. Веројатно на ваков ден треба да се потсетиме дека пречистителните станици и колекторскиот систем имаат потреба до реновирање и рехабилитација. Тоа треба д а биде приоритет на секој иден политички естаблишмент на централно и локално ниво.Губењето на кавалитетот на водата ќе донесе губење на екомските, демографските и еколошките елементи“, вели Паноски.
Квалитетната вода од езерото е загрозена и од градежната експанзија на градот која треба да е планска, нагласува бромолот Сашо Точков. Не треба да се дозволуваат градби кои ќе ја оптоварат инфраструктурата која не може да го издржи огромниот притисок од жители. Тоа посебно се чувствува во лето , вели Точков.
„Површинските води во Охридското езеро се со променлив квалитет. Во летниот период има повеќе гости и поголемо оптоварување и загадување на водите на одредени места. Сеуште постојат реки и притоки кои го загадуваат езерото како што се реките Сатеска, Коселска, Черава и Грашница кои се оптоварување за езерскиот еко систем“, кажува Точков.
На годинешниот Светски ден на водата, пак, ОН повикуваат на зголемување на обемот на третирање на отпадните води и нивно рециклирање, затоа што отпадните води се важна компонента во циркуларната економија. Во моментов „повеќе од 80% од отпадната вода во светот и повеќе од 95% во некои помалку развиени земји – се испушта во животната средина без претходно третирање на истата“, се наведува во новиот извештај на ОН, кој беше објавен денеска по повод Светскиот ден на водата.