Охридското Езеро преполно со „мрежи духови“

Охридското Езеро преполно со рибарски мрежи, кои имаат далекусежни негативни последици врз екоситемот. Изгубени, намерно фрлени од страна на рибокрадците или однесени поради невреме во „мрежите духови“ се заплеткува се што ќе помине од риби, краби, ракови, птици и отпад.
Пред само неколку денови во струшко беа пронајдени и одземени четири висечки рибарски мрежи во должина од сто метри со 300 парчиња белвица.
Хидробиолошкиот завод и годинава ќе реализира акција за вадење на мрежите.
-Ќе бидат покриени од Трпејца заклучно до Меторпол и делот кај Далјан од Канео. Со активностите од Хелти сис токму заради тоа што не можевме немавме доволно финансискси средтсва ке бидат покриени Калишта и Радожда. Така да веруваме дека уисшешноста на вештачкиот мрест ќе биде уште поголема со средување на овие мрежи, вели вели Душица Илиќ Боева од Хидробиолошкиот завод.

Експертите велат рибарските мрежи под вода ги нарушуваат плодиштата на пастрмката, потребна е поголема едукација на локалната заедница, но и акција и од албанска страна.
-Со апел дека сите активности кои се случуваат на Охридското Езеро треба трансгранично да бидат покриени со тоа што и колегите од албанска страна треба да се активираат, ние стоиме на располагање, вели Илиќ Боева.
Акцијата за чистење на мрежите духови ќе се спроведе трета година по ред на Охридското Езеро, а за прв пат и на Преспанското Езеро.
Новинар Соња Рилковска