Skip to main content

Стопанство

Охридското стопанство „гладно“ за занаетчии

Дефицитарни се голем број струки потребни во индустриското призводство. Потребна е едукација на занаетчии, во спротивно, ќе се соочиме со уште поголем дефицит на профили, напоменуваат од охридската Агенција за вработување.
 |  Валентина Неловска  | 
стручни кадри

Охридското стопанството има дефицит од многу стручни профили. Недостасуваат најразлични кадри во индустријата. Се чувствува потреба од бравари, стругари, глодачи, плетачи, шивачи. Стручен кадар недостасува во скоро сите области, а не само во угостителскиот сектор , информира Елвадина Дика, директорка на охридската Агенција за вработување.

Нема потреба само од келнери и кувари кои се нагласуваат заради туристичката сезона, туку нема ни чистачи, чувари, бравари, стругари. Имаме дефицит од занаетчии, кадар кој порано работел во Охрид и Струга. Не зборуваме за дејности кои сме ги посочувале, туку има недосток од кадар на секое поле, има побарувачка од невработени лица“, подвлекува Дика.

Недостасуваат голем број занаетчиски профили заради тоа што некои си заминуваат во странство, други се пензионираат, а нема млади обучени занаетчии. Сегашните состојби се одраз на досегашниот образовен систем кој треба да се менува. Во спротивно, ќе има уште поголем дефицит од занаетчиски дејности како што се чевлари, водоводџии, електричари. Задолжителното средно образование придонесе да нема занаетчии.

„ Има лица кои не учеа занает. Средношколскиот систем им ги скрати насоките на лицата кои сакаа да одат да учат занаети. Од осмо одделение не може да одат на занает и настана една дезориентираност на младите. Не знаaат како да постапат.Некако да ги вклопиме невработените, да ги кренеме занаетчиите и тие ни се потребни“, кажува Дика.

Бројот на невработени лица е непроменет во Охрид, не е ни зголемен нити намален во споредба со минатата година, вели Дика. И понатака на евиденција на Агенцијата за вработување има три категотри на невработени лица, оние кои бараат вистински работа, оние кои се пријавуваат заради здравствено осигурување и работат на црно, како и лица од ранливи категории кои користат гарантирана минимална помош.