Skip to main content

Занаетчиство

Охридското занаетчиство стагнира

Затворени се повеќе занаетчиски дејности во споредба на ново отворените во првата половина од оваа година. Слаб е интересот и за регистрација на нови занаетчиски дејности субвенционирани од општина Охрид.
 |  Валентина Неловска  | 

Занаетчиството стагнира во општина Охрид. Сашо Богоески, претседателот на Регионалната занаетчиска комора , напоменува дека за занаетчиите минатата година била лоша но, годинава состојбата е уште посериозна. Во знак на нивна поддршка општина Охрид финансиски ги поддржува ново регистариарните занаетчиските дејности. Во тек е јавен повик за субвенционирање на новорегистрирани дејности но, интересот е слаб кај занаетчиите , нагласува Богоески.

Во првите две недели се пријавиле двајца кандидати. Се пријавиле две козметичарки. Jавниот повик трае два месеци и очекуваме да има повеќе интeрес. Средствата кои ги одобрила општина Охрид за јавниот повик се 300.000 денари. Се оди по принципот прв дојден прв услужен. Ќе има доволно средства за општината да ги субвенционира пријавените новорегистрирани занаетчии“, вели Богоески.

Економската криза сериозно удри врз занаетчиските дејности. Има поголем број занаeтчии кои ги згаснале дејностите за разлика од оние кои се одлучиле да отпочнат самостојни занаетчиски дејности , додава Богоески.

komora

Имаме регистрирани четири нови занаети, а четиринаесет престанале да вршат дејност. Тоа е голема бројка за половина година. Сме имале во просек 6-7 занаетчии во текot на една година кои престануваат да вршат дејност, а сега има двојно повеќе на половина година. Тоа е лош знак за занаетчиството. Не оди во нагорна линија “, вели Богоески.

Бербери, козметичари, фризерки, изработувачи на сувенири и ракотворби се дел од 10 мината охридски занаетчии кои ставиле клуч на занаетчиските дејности самоволно. Четворица, пак занаетчии заминале во редовна пензија меѓу кои се чевлари и шивачи.