Skip to main content

Охридското здружение Мобилност не се откажува од плажа за инвалиди

Охридското здружение Мобилност не се откажува од плажа за инвалиди.

 |  Валентина Неловска  | 
plaza

Со примена на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидитет од ОН во земјава, не очекуваме 100 постотна примена на ратификуваните права, но ќе настојуваме да ги подобруваме и менуваме поважните сегементи во животот на лицата со инвалидитет, напоменува Венко Голабоски од ЗГ Мобилност, Охрид. Додава дека работат на отстранувањето на физичките бариери и поголема пристапност на лицата со инвалидитет веќе неколку години со Локалниот акциски план.


„Не е се, и не може да биде до крај реализирано, но од центаралното градско подрачје чекор по чекор ги правиме институциите, улиците и објектите и зградите што попристапни за лицата со телесен инвалидитет. Посебно за тие што се во инвалидска количка како јас“, вели Голабоски.

Во летните месеци во апартманите на охридското здружение Мобилност престојуваат голем број телесни инвалиди, па неопходна е прилагодена плажа за нивните потреби, кажува Голабоски.


„Ние во истата програма во Мобилност Охрид со години наназад го застапуваме проектот плажа наменета за телесните инвалиди. Таа плажа на Охрид му е неопходна. Во градот доаѓаат туристи од целиот свет и има потреба од плажа за сите луѓе, а ќе се зголеми и туристичката понуда“, вели Голабоски.

Во текот на летото во апартманите на Мобилност летуваат преку 600 лица од Македонија.
Инаку, во охридското здружение има 145 редовни членови и 7 вонредни и почесни членови.