Skip to main content

Охриѓанец со активна забрана за управување, удрил во 79-годишна жена на улицата „Јане Сандански“

По целосното документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 

На 4 октомври околу 10:55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 52-годишен охриѓанец, удрило во 79-годишна жена од Скопје.

Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, при што било констатирано дека возачот го управувал возилото иако имал изречена активна забрана за управување.

По целосното документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Охрид.