Skip to main content

СВР Охрид

Охриѓанец доби кривична за овозможување употреба на наркотични дроги

Лицето откако набавило наркотична дрога кокаин, истата му ја продало на лице од Струга и му овозможил користење во просториите од ноќен клуб во Охрид, информираат од СВР.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги”.

„Тој, откако набавил наркотична дрога кокаин, истата му ја продал на лице од Струга и му овозможил користење во просториите од ноќен клуб во Охрид лоциран на брегот на Охридското езеро.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.