СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.
-Тој, од личен профил на социјалната мрежа Фејсбук во повеќе наврати објавувал коментари со заканувачка и навредлива содржина, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.