Skip to main content

Охриѓанец заработи кривична за ангажирање работник без да склучи договор за работа

Tој преку правниот субјект свесно ги прекршил одредбите од член 166 од Кривичниот законик и не се придржувал кон прописите и колективниот договор за засновање на работен однос, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32 годишно лице од Охрид и против правен субјект, чиј сопственик е тој, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос”.

Сопственикот преку правниот субјект, работно ангажирал 21 годишно лице од Охрид без да склучи договор за работа, односно без да заснова работен однос во правното лице. Со тоа, тој преку правниот субјект свесно ги прекршил одредбите од член 166 од Кривичниот законик и не се придржувал кон прописите и колективниот договор за засновање на работен однос, информираат од СВР Охрид.