На 04.07.2023 година во 04.00 часот, кај месноста „Грашница” во Охрид, лишен од слобода е Е.З.(38) од Охрид. Тој претходно физички ги нападнал полициските службеници кои преземале службени дејствија во врска со „незаконит риболов”. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.