На 10.03.2026 во 23:15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44 годишен маж од Охрид по претходна пријава дека, во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.