СВР Охрид
Охриѓанец нападнат со метални предмети на паркинг
Лицето со тешки повреди било пренесено во болница.
На 08.06.2023 околу 23.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на паркинг на ул.„Караорман“ во Охрид, две лица физички и со метални предмети го нападнале С.Д. од Охрид. С.Д. бил пренесен во специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од СВР Охрид.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


