Skip to main content

Полициски билтен

Охриѓанец нападнат во угостителски објект за наводен долг

Неколку лица, од кои тројца од Скопје, физички го нападнале и му го одзеле клучот од неговото патничко возило.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 25.04.2023 во 18.45 часот во СВР Охрид,33-годишен маж од Охрид пријавил дека околу 17.20 часот во угостителски објект во Охрид, три лица, сите од Скопје и уште неколку лица физички го нападнале и му го одзеле клучот од неговото патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки.

„Според пријавеното, при нападот бил удиран со пиштол. Како што е пријавено, лицата му барале пари за наводен долг, за кој изјавил дека го вратил, а откако не им дал пари го нападнале“ – вели портпаролот ан СВР Охрид, Стефан Димоски и додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.