Skip to main content

Охриѓанец осомничен за детска порнографија, одреден му е 30-дневен притвор

При претрес во домот на 42-годишен охриѓанец, полицијата пронашла и одзела десктоп компјутер и видеоснимки со експлицитни содржини од детска порнографија. Лицето е лишено од слобода.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија” по член 193-а од Кривичниот законик.

-При претрес во неговиот дом, извршен на 20.10.2026 со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид, во координација со полициските службеници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, пронајдоа и одзедоа деск топ компјутер и видеа со експлицитни содржини од детска порнографија, по што веднаш го лишија од слобода, а  судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од СВР Охрид.