Oхриѓанец ја пријавил сопругата за семејно насилство
Во полициските билтени доминираат пријави од жени за семејно насилство, но денеска евидентиран е и случај во кој маж ја пријавил својата сопруга.

На 25.11.2026 во 16:55 часот во СВР Охрид, 33-годишен маж од Охрид пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга, информираа од СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од секторот.








