МВР
Охриѓанец со ренџ ровер се обидел да удри полициски службеници, избегал па направил сообраќајка
Против лицето е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”.
-На 14.04.2024 на магистралниот пат Охрид – Кичево, пријавениот со своето возило „ренџ ровер” се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија и побегнал, а по кратко време на булеварот„Железничка” предизвикал сообраќајна незгода, информираат од МВР.


