Skip to main content

СВР Охрид

Охриѓанец се обидел да предизвика пожар во казино на ул. Абас Емин

Лицето било задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 25.09.2023 во 20.35 часот на ул.„Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 39 годишно лице од Охрид.

Околу 20.20 часот во казино на истата улица тој се однесувал агресивно, истурил бензин и се обидел да предизвика пожар, но бил спречен од вработените и сопственикот. Лицето било задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ” – информираат од СВР Охрид.