Skip to main content

Охриѓанец уапсен поради нелегално поседување оружје, муниција и експлозивни средства

Од СВР Охрид соопштија дека по целосното документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.
 |  инфодеск  | 
Полициско возило

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид вчера напладне лишиле од слобода 37-годишен жител на Охрид, кај кого биле пронајдени поголемо количество оружје, муниција и експлозивни средства кои нелегално ги поседувал.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на 17 јуни 2026 година околу 12 часот, по претходно обезбедена судска наредба, бил извршен претрес во домот на осомничениот. При акцијата биле пронајдени и одземени еден револвер, две пушки, три рачни бомби, 22 куршуми од различен калибар, како и две најлонски ќеси со барут.

Од СВР Охрид соопштија дека по целосното документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик, кој се однесува на „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.