Охриѓанец на велосипед стигна до Белград да ја следи воената парада
После четири и пол дена на велосипед, охриѓанецот Илија Костовски, стигна во Белград на воената парада. Тој за ТВМ ги раскажа своите импресии од целиот настан, но збор два кажа и за неговиот животен неостварен сон, да стане воен пилот.
На велосипед по дожд, магла и сонце, охриѓанецот Илија Костоски, традиционално секоја година вози до Ниш со цел да присуствува на 14 октомври Денот на 63 тата падобранска единица. Но годинава Илија ја продолжил својата рута. Тој годинава со велосипед отиде до Белгарад за да присуствува на воената парада и во живо да ги види воздушните акробации на славните руски стрижи. Се протекло според предвидениот план, односно после 4 и пол дена патешествие на велосипед Костоски издвои еден момент кој кај него предизвикал посебни импресии.
„На самиот марш и на говорот на Путин падна најголемиот дожд, и се појави виножито времето се смена 4 пати и тоа даде една поимпресивна слика на целиот настан. Блискоста на една таква видна личност во овој момент како Путин која што самата зрачи во еден радиус од можеби 5 – 10 километри на овој Балкански простор кој што е поголем од сето тоа, чуството е неописливо да се наоѓаш на местото каде што се наоѓа тој великан и држи говор кога паѓа најголемиот дожд в тој период и уште поимпресионирачко беше тоа што сите војни аташеа што беа дојдени со кабаници во моментот кога Путин држеше говор ги симнаа кабаниците и седеа на дождот“ – раскажува Костоски.
Тој со велосипедизам се занимава цели 25 години. Во војска бил падобранец и член на локалниот Аероклуб во Битола. Тој го открива и неговиот неостварен сон, да стане воен пилот, бидејќи има голема љубов кон авионите.
„Јас како што сакав да бидам воен пилот и конкурирав во Мостар на академија „Маршал Тито“. Меѓутоа кртериумите за примање на тие војни школи беа повисоки отколку денеска беа доста строги јас како единец тоа беше единствената причина што јас не бев примен. Единци за тие ризични работи како што се воздухопловство, подморничари но авионите“ – вели Костоски.
Костоски не се откажува од љубовта кон авионите. Тој и за време на неговиот 9 годишен престој во Австралија другарувал со падобранци и луѓе кои што се блиски до авијацијата. Минатата година се стекнал со дозвола за параглајдинг. Костоски се надева дека до година ќе му се исполни неговата најголема желба односно да лета со Миг 21 на аеродромот во Кубинка Русија, каде што можело да се плати еден таков лет. Иако дозволата чини многу пари, Костоски оптимист дека ќе успее да собере средства за да си го дозволи тоа.
{loadposition content9}