СВР Охрид
Охриѓанец затекнат при кражба во Градски гробишта
Одземените предмети се вратени на претпријатието.
На 18.05.2023 околу 13 часот, при вршење кражба од кругот на Јавното претпријатие „Градски гробишта” во Охрид, бил затекнат А.А.(51) од Охрид.
„Одземените предмети се вратени на претпријатието, а по целосно расчистување и документирање на случајот против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информираат од СВР Охрид.


