Skip to main content

Охриѓани во 2012 год поднеле 34 барања за информации од јавен карактер

Општина Охрид, транспарентна. Охриѓани во 2012 година најзаинтересирани за добивање информации кои се однесуваат на јавните дејности, работата на советот во 2012, финансиското работење на општината, прибирањето даноци како и за прашања од комуналната сфера.

 |  Николоска Биљана  | 
informacii
информации

vaskoВкупно 34 барања на граѓани и невладини организации, влегоа во Извештајот за слободен пристап до информации од јавен карактер за минатата година. Васил Ложанкоски од одделението за односи со јавност при општина Охрид, вели дека  општина Охрид важи за најтранспарентна во поглед на давање информации од јавен карактер.

„Со оглед на тоа што во текот на 2012 година и изминатите 6 години од кога е во сила Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, можам да кажам дека општината Охрид во потполност го реализира овој закон и во рамките на законските овластувања го спроведува законот“-вели Ложанкоски.

Секоја година од кога стапи на сила Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, во просек пристигнуваат од 25 до 40 барања, нагласува Ложанкоски. Додава дека истите барања се од различни сфери и содржат по неколку подточки, поточно барања за дополнителни информации на кои исто така имателот на информацијата уредно одговара.

informacii„Различни се од година во година и ако во 2011 најголемиот дел се однесуваа на урбанистичката сфера, минатата година најголем интерес граѓаните пројавиле за јавните дејности, работата на советот во 2012, финансиското работење на општината, прибирањето даноци како и за прашања од комуналната сфера-потенцира Ложанкоски. 

Законот за слободен пристап до информации кој е донесен во 2006-тата година  генерално беше оценет како добар закон на хартија но проблемите се појавија во неговото спроведување во пракса. Главниот проблем е во тоа што Или луѓето не знаат за него и не го користат или пак доколку го користат од институциите не секогаш добиват одговори. Сепак од Институтот отворено општество, кој учествуваше во подготвувањето на законот и следење на неговата примена, сметаат дека доколку се рангираат институциите според транспарентноста, поотворени и расположени за споделување на информации се институциите на локално ниво.

{loadposition content9}