Skip to main content

Охриѓани бараат безбеден пат за НП Галичица

Охриѓани бараат пристапен и безбеден пат за Галичица. Во зима кога аерозагадувањето во градот урива рекорди, живописната планина им е недостапна. Патот во зима со децении е затворен, се воведува забарана за секаков вид сообраќај.
 |  инфодеск  | 

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица во зима е затворен за сообраќај. Пристапен е само до месноста Корита, но и тоа е ризик, бидејќи е небезбеден. Нема банкини, сигнализација, заштитни мрежи, често има одрони и е широк само 5 метри. Во време кога градот се гуши од загаден воздух живописната природа на граѓаните им е недостапна.

– Најубавото нешто е Галичица, најчист воздух да се надишиш да прошеташ во недела празник кога е а зимата не можеме да одиме.

– Тој пат има доста одрони треба државата да преземе ингеренции.

– Многу е важно и многу е добро да биде отворен патот за да избегнеме загадување.

-Срамота е странци доаѓаат и за нас охриѓани треба во секое време, да се изградат одмаралишта станици да седнат туристите.

-Убаво е да има проток Галичица е е прекрасна планина.

Треба да биде отворен да може народ со кола или пеш да види природа.

Со затворањето на патниот правец кон Галичица се зголемува ризикот за оние кои не се откажуваат од планината. Најголем број од интервенциите на Планинската спасителна служба се врз заглавени возила и завеани лица токму во националниот парк.

„ За жал најчесто интервениравме на заглавени возила иако апелиравме луѓето да ги почитуваат забраните бидејки за жал патниот правец ќе речам и ние би сакале да е отворен, но е затворен и секое непочитување на поставената сигнализација е прекршок и загрозување на сопствената безбедност.“- вели Антонио Додевски од ПСС (Планинска спасителна служба) Охрид.

Охридскиот регион е далеку од развој на планински туризам, многуте проекти останаа само на хартија. Пред повеќе од 40 години патот се одржувал, а Галичица била главен излетничко-рекреативен центар за локалното население.

Новинар Соња Рилковска