Охриѓани и гостите во голем број го посетија Велигденскиот базар, уживаа во концерт и ја покажаа својата хуманост
Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ денеска по осми пат го организира традиционалниот „Велигденски базар“. Овој настан од година во година прераснува во интегрален дел од охридската туристичка разгледница и воедно пренесува порака на среќа и хуманост, вели заменик градоначалникот Перчо Божиновски.
„Збогатувајќи ја туристичката сезона и збогатувајќи ги овие празнични денови за Велигден, навистина ќе биде од корист тоа што ќе можат не само туристите, туку и нашите граѓани да видат што можат да понудат локалните производители, што може да презентираат не само туристичките агенции, туку и институции, сите оние фирми кои покажуваат хуманост и среќа и со помош на оние ракотворби кои ќе ги изработат, а граѓаните ќе ги купат средствата да бидат донирани до оние на кои им се најпотребни.“ – изјави Божиновски.
Интересот за учество на базарот на локалните производители на традиционални македонски специјалитети, фирми, занаетчии и општински училишта е секоја година голем, вели директорот на ЈП „Градски пазар“ Александар Попоски.
„Целта на Велигденскиот базар е хуманитарна. Имаме вкупо околу 15 учесници, а средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели и донирани таму каде што се најпотребни. Од година во година станува се помасовен, се надевам така и ќе продлжи, – изјави директорот на ЈП „Градски Пазар“
Охридскиот Црвен крст секоја година е дел од Велигденскиот базар. На штандот беа изложени креативни изработки од волонтерите од сите програми на организацијата, од најмлади до највозрасни, домашни колачи и кутија за донации во духот на хуманата мисија на базарот.
Љупчо Милкоски Црвен крст Охрид
„Групата од Програмата Најди време, Промоција на хумани вредности, Клубот на млади во Црвен крст денес се овде со свои креации, изведби, како што гледате, најстариот член е 90 години. Еве имаме и храна. Хуманитарниот дел е за хуманитарни потреби на луѓе на кои им треба. Определени се средствата, еве овде гледаме Од срце за Марија. Сите луѓе кои се тука и ќе донираат ќе бидат средствата наменети за хуманитарни цели за луѓе на кои им е потребна помошта на Црвениот крст. “ – изјави Љупчо Милкоски од Црвен крст Охрид.
На голем број штандови на Велигденскиот базар годинава се претставија ученици од охридските училишта, кои на посетителите им понудија велигденски украси и други рачни изработки. За прв пат годинава на базарот учествуваше и ОУ Дебрца.
„Секоја година традицонално со нашите ученици изработуваме изработки за Велигден, Нова година, 8-ми Март и организираме претежно во нашето училиште. Но, оваа година решивме да ги изложиме нашите изработки овде на базарот. 00:17 Станува збор за изработки од учениците и наставниците, заедно работиме на часови кои ги користиме за креативна работа. Оо:29 Имаме многу добар наставник по ликовно што не координира и ние се вклучуваме и помагаме. Оо:50 Секоја година правиме нови креации и се трудиме да бидеме што покреативни.“ – вели Павлина Гаврилоска Палоска од ООУ „Дебрца“
„Како претставници од ОУ „Ванчо Николески“ секоја година учествуваме на базари без разлика дали се хуманитарни или општо средствата се за училиштето. Оваа година исто така учествуваме. Изработките се на ученици и на родителите. “ – Сашо Климоски, директор на ОУ„Ванчо Николески“.
И годинава дел од базарот беа охридските фирми, занаетчии, слаткари, пекари. Посетителите се почестија со месени производи, пити, ѓомлезе и слатки.
„Секоја година учествуваме на Базарот, нудиме разни слатки и посни и мрсни, велигденски колачиња, чизкејк, посни без масло, пиварки, тиаголник со вишна…00:30 + 00:37 Голема е посетеноста и ме радува тоа што секоја година се одржува и би сакала да продолжи и во иднина“ – изјави Елена Зенгоска Тупанческа од слаткарница Гордана.
Во културно-уметничкиот дел од настанот пред граѓаните на плоштадот настапија КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“ и КУД „Филиграни“.
Евелина Арнаудова