Сообраќајни контроли СВР Охрид
Охриѓани казнети за возење под дејство на алкохол
Во засилени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид затекнати се 15 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.
На 13/14.05.2023 од 22.00 до 04.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 15 возачи кои управувале возила под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-02, Кичево-05).
„Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.„- информираат од СВР охрид.


