Skip to main content

Охриѓани и книгата

Библиотеката „Григор Прличев“ го одбележа светскиот ден на книгата во услови кои не доликуваат на Национална установа.

 |  Валентина Нелоска  | 
knigi
книги
Библиотеката „Григор Прличев“ го одбележа светскиот ден на книгата во услови кои не доликуваат на Национална установа.

Охриѓани се помалку другаруваат со книгата, посебно тоа се однесува на помладата популација која освен задолжителната лектира се поретко чита. Ова не е случај со повозрасните кои не се откажуваат од навиката за читање. Лилјана Мартиноска, библиотекар од НУ библиотеката „Григор Прличев“  вели дека читателите кои ги посетуваат се помалку се заинтересирани за класиците, а се повеќе ги  бараат  бестселерите.

bibliotekaБиблиотеката Григор Прличев го одбележа светскиот ден на книгата во услови кои не доликуваат на Национална установа за град како што е Охрид, колевката на словенската писменост и култура. Библиотеката е сместена на простор од 250 метри квадратни, и  по многу нешта заостанува зад библиотеките не само во светото туку и на Балканот. Тоде Илијоски ,  директор на  НУ Библиотеката „ Григор Прличев“ вели дека остануваат и понатака во очекување на изнаоѓање решение за просторниот проблем кој е актуелизиран пред  2 години, а  до денес нема решение.  

Денес, светскиот ден на книгата и авторските права во библиотеката беа одбележани со читање на пораките на генералниот секретар на Унеско, Коичиро Мацура и на министерката за култура Елизабета Канческа  Милеска. На читателите кои денес ја посетија библиотеката им беа подарени бесплатни приемероци на книги. Во текот на минатата година библиотеката  ги има издадено библиографијата за Григор Прличев и неколку книги. За оваа година, пак  во план се неколку проекти меѓу кои и издавање на библиографија за охридските писатели.

{loadposition content9}