Skip to main content

Охриѓани најмногу донираат финансиски средства и храна

Иако според Светскиот индекс на донирање, Македонија многу ниско котира, тоа дефинитивно не е случај со Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
volonter
волонтер

Иако според Светскиот индекс на донирање, Македонија многу ниско котира, тоа дефинитивно не е случај со Охрид. Доказ за тоа е успешно спроведената Недела на солидарноста, од страна на младите волонтери од Општинската организација на црвениот Крст од Охрид. Марија и Ангела се само мал дел од триесеттината волонтери од Клубот на млади при О.О. на Црвениот крст  од  Охрид, кои ја спроведуваат Неделата на солидарноста. Обележени со обележја на Црвениот крст  и наоружани со промотивни материјали, добра воља и голема желба да помогнат кога е најпотребно, тие од врата до врата кај хуманите сограѓани.

храна„ На еден дел запишуваме што е донирано, дали се праични средства или храна, а на другиот дел запишуваме информации за личноста и го ставаме во плико со донираните средства. Најмногу донираат праични средства но се донираат и прехранбени производи“ велат младите волонтерки.

Инаку станува збор за хуманитарна собирна акција чија цел е цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливите категории, преку  обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, вели Младен Божиноски, активист на Црвениот крст од Охрид.Што  се однесува до прехранбените произиводи кои ќе се соберат во  текот на оваа недела на солидарноста, од истите ќе бидат направени социјални пакети, додава Божиноски. Што се однесува до оние хумани сограѓани кои сакаат да донираат облека или мебел, постапката е следна.

„Во однос на облеката најчесто, граѓаните самите доаѓаат тука. Облеката би требало да биде испеглана и испрана, добро спакувана и чиста во секој случај. Но во одредени ситуации кога има премногу облека или сакаат да донираат мебел а не се во можност самите да го донесат поради количеството во тој случај одиме на терен и самите го носиме“ објаснува Божиноски.

Од О.О на Црвениот Крст информираат дека донирањето на материјалните добра, може да се направи во просториите на Црвен крст Охрид ул. “Димитар Влахов” 52, вклучувајќи ги и деновите од  викендот од 8 до 15 ч.

{loadposition content9}