Skip to main content

Охриѓани се помалку обрнуваат внимание на книгата

Начинот на живеење од денес до утре, полека но сигурно ја искоренува навиката за читање.

 |  Ристо Јакимовски  | 
knigi
книги
Охриѓани се  по малку обрнуваат внимание на книга.
Главна причина за слабиот интерес кон читањето, според  Тоде Илиески директор на градската библиотека „Григор Прличев“ е начинот на живеење од денес до утре , кој полека но сигурно ја искоренува навиката. Тој начин на живеење пред се кај младите, наметнува други вредности во кои книгата се помалку се вклопува.

Проблемот со делата кои се сместени во библиотеката и нивното користење, според Тоде Илески, е долгогодишен и опфаќа повеќе сегменти. Во моментов истакнува тој се соочуваме со низа проблеми, како што се: просторот за складирање на книги, електронскиот достап до истите, а еден од клучните проблеми е преводот на странската литература и промовирањто на истата.

bibliotekaВо останатите држави од Европа се обрнува посебно внимание на ваквата ситуација. Со постојано збогатување на фондот на библиотеките и промовирање на новите изданија се потенцира потребата од истите, истакнува директорот на библиотеката .
Во моментов Охридската библиотека располага со задолжителната литература за основнте и средните училишта. Моментално библиотеката има простор  само за извршување на основните активности. Во иднина вработените  се надеваат дека ќе се пронајде решение за ваквата состојба.

 

 

{loadposition content9}