Skip to main content

Охриѓани слабо јадат риба

Охриѓани слабо јадат риба. Иако таа е еден од најздравите продукти кои е препорачано да се конзумира барем два пати неделно, граѓаните ретко ја имаат на својата трпеза. Причини има повеќе, но на прво место е цената која треба да се плати за еден килограм.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ribi

Охриѓани иако живеат на езеро многу малку јадат риба. Според статистичките податоци македонецот годишно конзумира само 2 кг риба. Ова го потврдуваат и сопствениците на рибарниците во градов. Јахја Јахја кој веќе дваесет години се занимава со продажба на свежа и замрзната риба кажува дека граѓаните се поретко го купуваат овој прехрамбен производ иако речиси сите знаат колку е здраво да се јаде риба. Според него има повеќе причини за тоа. Првенствено во прашање е се помалата куповна моќ на граѓаните. а и менталитетот поради кој луѓето побрзо би купиле еден кг. свинско месо отколку риба.

Риба овде се купува исклучиво за празници, за Св. Никола и останатите зимски празници кога се јаде посно. Поголема потрошувачка имаме и во летниот период кога во градов доаѓаат гости од надвор. Најмногу се троши морската риба која е и поевтина, а поретко се купува свежата риба, вели Јахја Јахја- сопственик на рибарницата „Баш чарчија“.

Јахја објаснува дека свежата риба чини од 270 до 320 ден. За килограм, а замрзнатата од 160 до 180 ден. Во неговата рибарница во просек се трошат околу 20 кг. риба дневно.  Бројките покажуваат дека македонскиот просек за консумирање на риба е многу помал од европскиот. Според податоците на Стопанската комора на Македонија и Групацијата за рибарство македонците просечно јадат по 6 килограми риба годишно по глава на жител. Тоа е 3,3 пати помалку споредено со просекот на Европската унија каде што се јаде просечно по 20 килограми риба годишно по глава на жител, а во скандинавските земји сее трошат и по 37кг на глава на жител. Нутриционистите советуваат што повеќе да се внесе рибата во исхраната.

Рибата има високи нутритивни вредности. Таа во својот состав содржи квалитетни протеини, минерали, јод, фосфор, А, Ц и Б. Во нејзиниот состав нема сврзни протеини туку колаген кој се претвара во желатин кој е многу корисен за организмот, вели Проф Др Ангела Крстаноска Василеска- раководител на насоката диететика и исхрана на ФТУ-Охрид.

Во Македонија годишно се произведуваат околу 700 тони риба од кои 500тони се од рибници а 200 се топловодни видови риба кои се добиват од езерата. Иако имаме квалитетно производство на риба, Македонија е нето увозник на риба и рибни производи. Статистиката покажува дека поголемиот дел од увозна риба и рибни производи се замрзната морска риба со околу 50% од вкупната вредност на увозот, потоа конзервирана риба и најмалку се увезува свежа риба.

{loadposition content9}