Охриѓани сакаат слободни плажи
Голем одзив на граѓаните на анкетата што ја спроведе ТВМ за тоа какви плажи сакаат охриѓани.
На прашањето дали плажите на охридското крајбрежје треба да се издадат под концесија или треба да бидат слободни, 63 % од испитаниците одговориле дека сакаат плажите да бидат слободни, а за хигиената да се грижи локалната, додека 37% сметаат дека плажите треба да се издаваат под концесија и да бидат уредени.
На прашањето дали сакате на плажите да има урбана опрема од типот на лежалки, чадори и шанкови, 51% одговориле негативно, додека 49 позитивно.
Поголемиот дел од испитаниците сакаат да има монтажни објекти со храна и пијалоци за освежување на плажа.
Дали сакате на плажите да има монтажни објекти за продажба на храна, пијалоци и сладолед, 77% одговориле да, додека 23% кажале не.
На прашањето дали сметате дека досега надлежните инспекциски органи доволно ги контролираа закупците на плажите во поглед на урбаната опрема и уредувањето на просторот на плажите, 74% од граѓаните сметаат дека инспекторите не воделе грижа, 7,5% сметаат дека инспекцискте служби воделе грижа , додека 18,1% сметаат дека воделе грижа, но не доволно.
Повеќето од граѓаните сметаат дека уредени современи плажи се важни за развојот на туризмот.
На прашањето уредени современи плажи привлекуваат повеќе туристи, 63% од граѓаните одговориле потврдно, додека 31,8 не се согласуваат.
Новинар Соња Рилковска