Skip to main content

Охриѓани совесно да се однесуваат кон сообраќајните знаци

Се почеста е појавата на уништување и крадење на сообраќајната сигнализација во Охрид. Состојбата е загрижувачка, велат од Секторот за комунален развој и сообраќај при општина Охрид. Денес нашата камера регистрира еден таков вандалски чин, односно уништени беа знаците на кружниот тек кај болничкиот комплекс, а го нема знакот за забрана за паркирање на ул „Коста Абраш“, кај малиот плоштад.

 |  Николоска Биљана  | 
znaci
знаци

znaciСе уништува и краде сообраќајната сигнализација низ охридските улици. Локалната самоуправа само пред неколку дена започна со акцијата за поставување нови сообраќајни знаци низ улиците во Охрид. Тие беа поставени на местото на старите, уништени или искршени од неодговорни граѓани, со што на овие сообраќајници беше загрозена безбедноста на учесниците во сообраќајот, вели Љупчо Танески од  Сектор за комунален развој и сообраќај. Додава дека за жал оваа појава продолжува и понатаму и сериозно биле загрижени поради тоа.

„Претставув смешно и трагично, меѓутоа такви се навиките на охриѓани неможат да се прилагодат на новиот начин на функционирање на градот. Ние како општина Охрид ќе направиме се што е во наша моќ да го заштитиме јавното добро, и да продолжиме со ставање ред во овој случај со сообраќајниот хаос кој што владеел во минатиот период на територијата на општина Охрид – вели Танески.

Танески опоменува дека дел од сообраќајната сигнализација е под електричен напон и претставува опасност по безбедноста на животот на сторителите на ваквит дела.

znaci„Тоа можеби покрај самото уништување е најболната работа што ни се случува, освен мета на несовесни граѓани, дел од  сообраќајните знаци се под електричен напон дел не, и се мета на крадците на старо железо и на кабли за електрична енергија. Апелирам како вработен во Секторот за комунален развој и сообраќај и улици при општина Охрид, оваа појава да престане бидејќи може сериозно да се одрази по безбедноста на оние лица што тоа го прават“ – рече Танески.

Уништени сообраќајни знаци има и в долж Туристичка, украден е знакот за забрането паркирање на ул „Коста Абраш“ кај малиот плоштад, напоменува Танески. Тој додава дека истите повторно ќе ги постават и ќе направат се што е во нивна моќ оваа појава да ја намалат и да ја спречат. Според изјавата на Танески во тоа ќе помагаат дел од инспекторите од општинскиот инспекторат како и службите од подрачната единица на МВР, СВР Охрид, кои што исто така се надлежни за тоа. Тој смета дека надлежните мора повеќе да водат сметка за состојбата во која се наоѓа сообраќајната сигнализацџија бидејќи од тоа зависи во голема мера и безбедносто одвивање на сообраќајот.

{loadposition content9}