Skip to main content

Охриѓани имаат волонтерски дух

Охриѓани се хумани, а кај голем дел од нив е развиен волонтерскиот дух, вели претседателот на Црвен Крст, Сашо Точков. Од ангажираноста на волонтерите зависи успешноста на нашата организација, додава тој.

 |  Јаковлева Лионела  | 
volonteri
волонтери

Во охридската организација на Црвениот крст има преку 1200 волонтери од кои околу 800 се активни. Според овие бројки охридската организација е прва во Македонија. Тие се на различна возраст и се инволвирани во сите сегменти на делување на оваа организација. Голем е бројот и на младите луѓе кои се подготвени безрезервно да им помогнат на оние на кои што тоа им е неопходно. Стефани Данеска е една од нив. волонтери


Мотивот што станав волонтер во охридскиот Црвен крст е желбата да им помогнам на моите врсници на кои им е потребна помош, но и на постарите лица кои се немоќни, вели Стефани Данеска -волонтер.

Претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков вели дека волонтерството е сила која креира, мотивира и развива. Тој објаснува дека покрај желбата за да ја искажат својата хуманост волонтерите имаат уште и многу други причини за да се ангажираат во ова невладина организација.  


Ние сме дел од глобалната мрежа на волонтери кои делуваат во конфликти, природни катастрофи и лични неволји, вели Сашо Точков-претседател на ЦК-Охрид. Преку нашите програми и активности се грижиме за заштита и унапредување на здравјето на луѓето и унапредување на животната средина, учествуваме во социјално згрижување на загрозените – давање соодветни видови помош на загрозените во случај на вонредни состојби како што се елементерни непогоди, воени состојби и кризи, овозможуваме ранливата категорија луѓе да биде подготвена и да се справи со непогодите во својата средина, го мотивираме населението за доброволно дарување крв, ги шириме знаењата за меѓународното хуманитарно право, реализираме социјално-здравствени програми за младите, додаде претседателот.

Инаку, во РМ  има 5000 волонтери од кои 3700 се активни. На светско ниво има 130 милиони волонтери, а оваа бројка секојдневно расте.

{loadposition content9}