Охриѓанката Филис Ајруш, најдобра од најдобрите
Од Интернационалната средношколска натпреварувачка олимпијада за заштита на животната средина, која од 16-ти до 21-ти jуни се одржа во Њу Јорк, Соединетите Американски Држави, таа во Охрид се врати со златен медал.
Еколошката порака на охридската средношколка Филис Ајруш, ја виде целиот свет. И не само што ја виде, туку оваа порака на Олимпијадата за заштита на животната средина Global Environmental Issues – US ( GENIUS 2013 ) која од 16-ти до 21-ти jуни се одржа во Њу Јорк, Соединетите Американски Држави, на Филис и обезбеди златен медал. Чувството за Филис да се претставува нашата земја на еден ваков интернационален натпревар, фантастично.
„Чувството беше неопсиливо, прекрасно, прво ми го прочитаа името и самото претставување на Македонија, на Охрид ми беше прекрасно чувство, едноставно во Америка, преку океани да ја претставам мојата земја, ми е голема гордост“ вели Филис.
Инаку Филис на оваа интернационална олимпијада за млади генијалци, аплицираше со фотографија на која е прикажано наводнување на цвет, кој расте во депонија. Фотографија е дел од проектот „ Environmental survivor“ и истиот од страна на стручното жири, било одлучено да биде меѓу избраните 325 проекти од вкупно испратените 769 од целиот свет. Филис вели дека станува збор за фотографија која пренесува една универзална порака, а инспирација за да ја направи и бил секако, Охрид.
„Инспирацијата ја добив од самиот град Охрид, покрај убавината на езерото, планините, парковите и зеленилата насекаде наоколу, сепак, на места сеуште има загаден простор.Свеста кај народот сеуште не е развиена до тој степен за да прави нешто да ја чува природата туку само ја уништува наместо да ја чува“, објаснува Филис.
Младата Филис не заборави да се заблагодари на ТВМ Телевизија, порталот „Ohridnews“ и сите оние кои и помогнаа и веруваа во неа во моментите кога нејзиното учество на овој натпревар беше доведено во прашање, а таа довербата ја оправда, на најдобар можен начин. За Филис фотографијата останува голема љубов, со која во иднина планира малку посериозно да се занимава. Инаку на оваа олимпијада покрај Филис беа и талентираните млади ученици од Охрид, Никола Таштаноски и Бранка Бунташеска, кои освоија сребрен медал.
{loadposition content9}