СВР Охрид
Охриѓанка со фотомонтажа на Фејсбук ја загрозила сигурноста на малолетеничка
Таа на социјалната мрежа Фејсбук објавила монтирана фотографија од малолетничка со коментари.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34 годишна охриѓанка поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.
„Таа, на 08.04.2023 на социјалната мрежа Фејсбук објавила монтирана фотографија од малолетничка со коментари со кои и ја загрозила сигурноста.“ – информира портпаролот на СВР Охрид.


