Skip to main content

Охриѓанка задржана во полициска станица по агресивно однесување во кругот на СВР Охрид

Жената била задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 12.08.2026 година во 01:17 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, пред влезот на СВР Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишиле од слобода 41-годишна жена од Охрид.

Како што соопштуваат од СВР Охрид, жената со патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки се обидела да влезе во кругот на СВР Охрид, по што со врата од возилото удрила полициска службеничка. Потоа, според полициското соопштение, таа физички ја нападнала полициската службеничка, а се однесувала агресивно и им се заканувала на други полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Жената била задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.