Охриѓанката Харитина Сакова е дел од тим кој конструира болид за Формула
Кога тим од амбициозни студенти, буквално од парчиња метал, малку електроника, по некој цилиндар и гума, ќе ви направат функционален болид за Формула, и ќе ве убедат дека треба да ги поддржите во нивните идеи, замисла, труд и реализација, тогаш треба како општество серизоно да се замислиме, како овие сериозни умови да ги задржиме дома.
Во конкуренција од 600 универзитетитети, буквално од целиот свет и името на УКИМ во трка да биде еден од учесниците на глобалниот натпревар „Формула студент“. Охриѓанката Харитина Сакова, апсолвентка на Машински факултет, е дел токму од тој тим на млади идни инженери и вели дека без професорите, асистентите и нивниот факлутет воопшто ништо од ова не би било возможно. Најголемиот дел од тестирањата на прототипот се правени на факултетот, на техничкиот кампус и лабораториите кои им се на располагање, Но, во иднина ќе ни биде потребна помош и од спонзори и фирми, за да се надополнат испитувањата на болидот, објаснува Сакова.
„Би кажала баш така нешто измеѓу. Студентска веризја на Формула, тип на возило, во кое влегуваат аеродинамични пресметки, перформанси на моторот, тежина на сите делови и компоненти, која треба да се запази. Меѓутоа е ограничено колкави смеат да бидат тие перформанси на некое студентско ниво. Професорот Даме Димитровски којшто ни е координатор на целиот проект, сите делови од автомобилот се во неговата лабораторија која ја користиме.“ – изјави за ТВМ, Харитина Сакова – Асполвент Машински факултет УКИМ.
Покрај Харитина, тим лидерот Димитар Алжуроски и Мартин Миланоски уште петнаесет студенти работат на овој проект. Максималната брзина која болидот може да ја развие е 120 км/ч, но тоа не е суштитната. Неговите перформанси на кривините, аеродинамичноста, системот за потпирање, шасијата, безбедноста, тоа е тоа што бара многу работа, вели Сакова. Сакате поголема брзина, ќе ставите посилен мотор, додава таа.
„Најголем предизвик ни беше мислам да стигнеме до каде што сме стигнати. Да ги убедиме сите дека овој проект може да биде успешен во Македонија. Финансискиот дел е најтешкиот дел. Машинскиот дел и електорниката која ФЕИТ ја работи, тоа може да се научи, и достигне. Меѓутоа, да ги убедиме луѓето зошто треба да не поддржуваат, тоа беше најголемиот предизвик според мене.“ – вели Сакова.
Сакова тврди дека има квалитетен кадар на нашите универзитети, квалитетни и амбициозни студенти и самата идеа е да се создаваат производи од наши луѓе, за нас. Доколку се заврши успешно, финансиската конструкција, „Силверстон“ е нивната идеална дестинација каде сакаат да го презентираат нивниот болид. Но доколку не успеат во тоа, Хрватска е речиси сигурната дестинација за промоција.