Охриѓанчињата „ гладни“ за детски претстави
Во понеделник, во Центарот за култура, најмладите може да ја проследат детската претстава „Црвенкапа и Иванка“.
Во понеделник, во Центарот за култура, најмладите може да ја проследат детската претстава „Црвенкапа и Иванка“. Членовите на аматерското драмско студио „Мулти Култи“ два месеци работеле на подготовката на најновата претстава за деца. Режисерот на претставата Ташко Лаброски е задоволен од приемот на охриѓанчињата на претставите за деца. Како доказ за тоа ја наведува претходната претстава „ Децата на Дедо Мраз“. Децата ги сакаат претставите иако живееме во ера на компјутерите, тие доаѓаат на претставите и се радуваат на ликовите од бајките, вели Лаброски.
„ Решивме да настапиме со детска претстава заради тоа што на градот му недостасуваат преставиза деца.
Со формирањето на професионалниот театар, детските претстави се помалку застапени.“
На детските претстави доаѓаат деца од предучилишна возраст па се до 10 години. На претставата „Децата на Дедо Мраз“ што се одржа во ОУ „Кочо Рацин“, децата доаѓа по автограми се сликаа со нас актерите и беа среќни, велат и останатите членови на ансамблот. Во најновата претстава, „Црвенкапа и Иванка“ покрај Ташко Лаброски играат и гимназијалците Ирена Попоска, Ева Голабоска, Никола Србиноски и Анѓела Анѓелевска.
„ Големо задоволство ни преставува учеството во претставата, посебно затоа што ќе се одржува на сцената во киното и во другите основни училишта. Големо задоволство е да се глуми пред деца кои се на помала возраст. Тие најмногу покажуваат дека се среќни и се радосни. Тоа се одразува врз нас и ние се чувствуваме среќни кога знаеме дека со нашата глума ги правиме другите среќни“, раскажува Ирена Попоска, која во претставата ја толкува улогата на Иванка.
Детската претстава „Црвенкапа и Иванка“ ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ , а ќе гостува и во основните училишта. Драмското студио „Мулти култи“ пробите за претставата ги одржува во просториите на основното училиште „Братство Единство“.
{loadposition content9}