Skip to main content

Лишен од слобода

Охриѓанец бил агресивен кон неговата мајка

Лишен од слобода е 27-годишен охриѓанец кој се однесувал агресивно кон неговата мајка, а потоа и кон полициски службеници.
 |  инфодеск  | 
Семејно насилство

На 17.03.2023 година во 18:30 часот, од полициски службеници од СВР Охрид лишен е од слобода Н.Џ.(27) од Охрид.

Тој претходно во семејниот дом, бил агресивен кон неговата мајка, а потоа и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.