На 07.04.2023 година во 15:30 часот, во СВР Охрид приведен е Г.К.(62) од Охрид кој, претходно на улицата „Момчило Јорданоски” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир.
Потоа бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.