СВР Охрид поднесе кривична пријава В.Д.(28) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
При контрола извршена на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници кај пријавениот пронајдоа и одзедоа ќесе со марихуана и ќесе со амфетамини и хашиш – информираат од СВР Охрид.