На 09.03.2023 во 21:45 часот пред казино на улица „Партизанска” во Охрид, лишен од слобода е К.Т.(30) од Охрид.
При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.