На 10.08.2022 година околу 02 часот, во СВР Охрид приведен е М.С.(25) од Охрид.
Тој, заедно со И.Ѓ.(24) од скопско Ново Село, биле затекнати во патничко возило „Нисан”, со охридски регистарски ознаки, кај плажата „Магнус” во Охрид и при извршен преглед, полициските службеници кај М.С. пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.