Лишен од слобода
Охриѓанец фатен со марихуана во Долно Лакочереј
Охриѓанец е лишен од слобода, откако нападнал сограѓанин во Долно Лакочереј. Притоа кај него била пронајдена марихуана.
На 01.07.2022 околу 00:00 часот во охридското село Долно Лакочереј, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Б. од Охрид.
Тој, пред продажен објект во селото физички го нападнал Р.С.(33) од Охрид, по што, при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од СВР Охрид.


