На 21.12.2022 околу 17:30 часот, кај каналот „Студенчишта” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид при незаконит риболов со рибарска мрежа го затекнаа Б.О.(35) од Охрид.
Притоа, пронајдена и одземена е рибарска мрежа во должина од 20 метри и 120 парчиња уловена риба плашица. За настанот, запознаен е јавен обвинител и надлежниот инспекторат за водостопанство. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно Законот за рибарство и аквакултура – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.