Skip to main content

Охриѓанецот Филип Филиповиќ со втора награда на „Деновите на македонска фотографија“

Деновите на Македонската Фотографија претставуваат пресек на македонското фотографско творештво во изминатата година.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

prvonagradenaДеновите на Македонската Фотографија претставуваат пресек на македонското фотографско творештво во изминатата година.

Поставката брои стотина фотографии, а ќе бидат доделени и серија награди и дипломи за најуспешните трудови и автори, како и специјалната награда ,,Благој Дрнков”.

Овогодинешните добитници на наградите се:

Прва награда за фотографија – Трајче Атанасовски од ФК Елема,Скопје, за фотографијата – Hard to explain, втора награда за фотографија – Филип Филиповиќ од ФК Кастрон, Охрид, за фотографијата – Aurora и трета награда за фотографија  – Димитар Чунговски од ФКК Битола, за – Вселенско летало.

ziriПрвата награда за колекција ја доби Божидар Барлакоски од ФКК Прилеп за фотографиите – Grand meister, Најдобри другари и Шармер. Втора награда за колекција – Владимир Арсовски од ФК Елема, Скопје, за колекцијата – Flamenco dancer. Трета награда за колекција – Еџе Али за колекцијата – Надвор од времето. Дипломи за колекција ќе добијат –  Дејан Колевски и Филип Филиповиќ.

Специјалната награда ,,Благој Дрнков” ќе и биде доделена на Татјана Ранташа, ФК Елема, Скопје за фотографијата – Носии 1.

Во категоријата Младинска фотографија првата награда ја доби Мики Николоски од ФКК Прилеп за – Дете 2, додека дипломи ќе бидат доделени на: Ана Андонова и Ханис Багашов.

52-рите Денови на Македонската Фотографија, започнуваат на 05.Јули.2014, сабота, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Мултимедијалниот центар ,,Мала Станица”.

Деновите на Македонската Фотографија се одржуваат во рамки на манифестацијата ,,Скопско лето” 2014, а ќе бидат пропратени и со уште две изложби.

{loadposition content9}