На 10.04.2023 околу 23:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.С.(32) од Охрид кој во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
Тој беше задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.