Семејно насилство
Охриѓанец физички ја нападнал сопругата
46-годишен охриѓанец физички ја нападнал сопругата во нивниот дом. Од СВР информираат дека лицето е лишено од слобода.
На 03.10.2022 година во СВР Охрид, лишен од слобода е М.Ш.(46) од Охрид кој во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


