На 01.08.2022 во 03 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Д.С.(38) од Охрид.
Тој, претходно на улицата „Петрино” во Охрид, физички ги нападнал К.Д.(22) и С.Р.(19) двајцата од Охрид, а потоа ги нападнал и полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.